Скромен придонес во јавната расправа за предлог законот за Јавното обвинителство, посебно кон ставовите на обвинителот т.е. адвокатот на власта Љубомир Јовески, кој не ги почитува ниту императивните законски норми за обвинителите (член 60 од Законот за ЈО)!

Вака пратеникот Антонио Милошески го коментира денешниот потег на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предводени од него, кои на денешната јавна расправа за Законот за јавно обвинителство не седеа на местата предвидени за пратеници, туку во галеријата на новинарите, за кога државниот јавен обвинител Љубомир Јовески зеде збор го пречекаа со транспарент.

Господине Јовевски до кога ќе го криете писмото со кое притворената катица ви даде незаконска наредба (чл.60, закон за ЈО), пишуваше на транспарентот.

Претседателот на комисијата Александар Киравоски по ова ја прекина расправата, по што Милошоски придружуван од пратениците Дафина Стојановска и Горан Манојловски ја напуштија новинарската галерија.

Пред одржувањето на јавната расправа, еден од условите на опозицијата беше да се одржи таа и да биде присутен Јовески.

Следете ја во живо расправата за ЈО:

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.