Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на предвремени парламентарни избори и уривање на актуелното владино мнозинство, истакна дека изборите би биле оправдани и логични како од политички така и од економски причини.
Милошоски истакна дека такво нешто навестуваат и прегрупирањата во Собранието.
Во Собранието се гледа дека има одредени, би рекол прегрупирања, има одредени сигнали на парламентарни групи, но и на поединци кои не се задоволни од актуелната власт. Премногу било ветувано, а премалку било реализирано и кон нив, а премногу било ветувано од Заев кон граѓаните па на крајот станале свесни дека се работи за уште една лага – потенцираше Милошоски.
Тој истакна дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ смета дека предвремени парламентарни избори се неопходни за што побрзо да замине оваа власт со што Македонија ќе добие поголема перспектива.
Можни се прегрупирања во рамките на парламентот, но политички и економски, предвремени парламентарни избори би биле оправдани и логични. ВМРО-ДПМНЕ работи на тоа оваа власт што поскоро да биде заменета за да може перспективата за Македонија на секое поле да се развие на подобар начин – нагласи Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.