Tука од Ресен, од Јанковец, сакам да испратам една порака. Mногу сме задоволни од победата на нашата листа на советници во општина Ресен, сметаме дека ќе биде клучна во креирањето на новото мнозинство во Советот, вели Антонио Милошоски кој беше во посета на Ресен.
 
Граѓаните се прилично незадоволни од лагите на актуелниот градоначалник Гошаревски од кого што повеќе лажи само премиерот Заев и сметам дека е време на овие лаги да им се даде заслужената казна.
 
Имаме млад, способен човек, спремен со проекти и добар тим, Тозиевски кој што можи Ресен реално да го води напред и да води проекти кои што ќе бидат од интерес за сите граѓани.
 
Затоа ги повикуваме на 31-ви октомври да му дадат шанса и да дозволат Ресен да направи чекор напред после овие четири години застој.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.