Денес би сакал да истакнам дека блокадите што ги организира ВМРО-ДПМНЕ имаат една причина, а причината е нетранспарентноста на власта и тајните преговори кој што двоецот Заев-Бучковски ги води со официјална Софија за сметка на интересите на Република Македонија, а поврзани со договорот за кој што Заев рече дека ги решил сите државни проблеми, изјави за медиумите пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Очигледно е дека Заев лажел, Договорот со Бугарија не решил проблеми, туку создава нови проблеми и сега се бараат од Македонија нови отстапки и затоа сметаме дека не треба да се крие од јавноста што се преговара, туку да се соопшти на медиумите и на граѓаните кои се анексите кои што Софија инсистира да бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ – истакна тој.
На прашањето кој е неговиот став во врска со изјавата на Османи дека МНР е отворено и дека ако партискиот лидер Мицкоски или некој од опозицијата сака да се информира може да дојде во министерството и да добие информации за овој договор, Милошоски истакна:
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи може во МНР да го покани Никола Димитров за да имаат подобра координација, може да го покани Артан Груби или може да го покани Зоран Заев за да си разговараат за коалиционите работи, но како избран од Собранието на Република Македонија, министерот Османи законски има должност пред Собранието да се појави тој и на пратениците како народни избраници да им објасни за што тајно се преговара во Софија и кој го овластил Бучковски да преговара нови анекси на Договорот со Бугарија – рече Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.