Пратеникот Антонио Милошоски на Фејбсук објави одговор од МВР на негово пратеничко прашање поврзано со аферата „Двојник“ и средбите што ги имал македонски полициски началник задолжен за соработка со Интерпол со турскиот бизнисмен Седат Пекер во Скопје.
МВР Спасовски, во свој одговор на пратеничко прашање тврди дека неговиот помошник Рефик Черими, задолжен за соработка со Интерпол, никогаш немал средба со Седат Пекер, турскиот мафијаш кок доби македонска патна исправа.
Но, за јавноста да биде убедена дали некогаш имало случајна средба помеѓу Рефик Черими од МВР и Седат Пекер, нарко-босот од Турција, добро е МВР да го замоли „хотел Буши” да ги прегледаат снимките од гостите во ресторанот, од октомври 2020 година. Можеби од тие снимки ќе дознаат нешто повеќе за пријателите на Седат Пекер во Скопје. Бидејќи без високи соработници во МВР Седат Пекер не би имал шанси ниту да влезе во Македонија, а уште помалку да извади патна исправа со украден идентитет под името Џадин Амедовски – напиша Милошоски на Фејбсук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.