Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок во Брисел, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка, објавува на својот профил на фејсбук Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ.
По однос на македонско-бугарскте спорни прашања неколку земји членки јавно ги искажале своите симпатии кон Македонија и оправданоста за почеток на преговорите без ставање на билатерални спорови како одредници, бидејќи земјата има добиено препорака уште од 2009-та година.
Сепак, по однос на последицата од наметнатиот спор, а тоа е одолговлекување на процесот на проширување на ЕУ, изгледа дека Бугарија не е осамена, туку има дискретна дипломатска поддршка од уште најмалку две земји членки на ЕУ!, пишува Милошоски.
Според неговите извори, истовремено неколку ЕУ членки, меѓу кои се и Франција, Грција, Италија и Холандија се против усвојување на заклучоци и/или преговарачка рамка само за Албанија поединечно.
Германското претседателство ја прекинало дискусијата заради немање на консензус и темата за проширувањето повторно ќе биде отворена на состанокот на COREPER на 7-ми декември, во понеделник, дознава Милошоски од дипломатски извори.
ДИПЛОМАТСКИ вести од БРИСЕЛ
📣Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок во Брисел, Бугарија ги блокирала 🔐 и заклучоците за…
Posted by Antonio Miloshoski on Wednesday, 2 December 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.