📢На Тетово и на Македонија вчера вечер им се случи пеколна трагедија, со многу човечки жртви чии животи згаснаа на ужасен начин, и нашето длабоко сочувство е премалку за утеха.
🕯🖤🕯🖤🕯
Трагичен датум❗
⚠️По тој повод Владата (согласно чл.8 од Законот за Влада) треба денешниот ден, 9 септември, кога роднините, цело Тетово и Македонија се во тага, да го прогласи за
ДЕН НА ЖАЛОСТ
– точно напладне државното знаме на Македонија да се спушти на половина копје, пред Владата, пред министерствата, пред општините и сите други институции.
– да се откажат сите спортски, културни и другите политички настани или промоции кои биле закажани.
📌Телевизиите со национална фрекфенција да истакнат црна лента ◾ на екраните како знак на соодветно одбележување на Денот на жалост и оддавање почит кон загубените животи на нашите сограѓани и тагата на нивните семејства❗, напиша на Фејсбук, Антонио Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.