Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски ги разгневи пратениците на СДСМ со својот потег на денешната седница на која пратениците поставуваа пратенички прашања. Тој на собраниската говорница постави плакат на кој што стоеше бројот 7, односно бројот на денови кои преостануваат од мандатот на Зоран Заев. Наместо прашање Милошоски емитуваше аудио од изјава на Заев на кое се слуша како ветува во 2019 година изградба на браните Чебрен и Галиште, изградба на нов Клинички центар и изградба на нов автопат.
На крајот од 2018 година премиерот во заминување кажа дека во 2019 ќе се отпочне со изградба на новиот Клинички центар, во 2019 ќе се отпочне со градба на автопатот Скопје-Блаце и дека ќе се отпочнат со градба хидроцентралите Чебрен и Галиште. Моето прашање е дали излажавте тогаш и што излажавте денес бидејќи 2019 година помина.
Не ви го поставив прашањето за да добијам одговор, туку за да видат луеѓето како лажевте дека ќе влеземе во ЕУ, дека ќе почне изградабата на клинички, дека ќе се градат автопати. Уште седум дена ќе имате време да лажете, за седум дена министер од вашиот тим ќе ве напушти, што е добар показател дека е добро да се напушти бродот што тоне. Вие овие години ќе останете запамтен како политичар што го сменил името, колнејќи се во своите деца и спротвино на желбата на народот и политичар во чие време најмногу бизнисмени беа рекетирани, рече Милошоски.
Милошоски не беше задоволен од одговорот па му порача на Заев дека уште 7 дена му остануваат да лаже.
На тоа Заев возврати дека е тука да дава отчети и дека завршило времето на „пуштање“ снимки.
Можеме да пуштиме многу што, но тоа време заврши. Тука сум да давам отчет, потенцира и најави дека до крајот на годината ќе биде објавен тендер за „Чебрен“, патот Скопје – Блаце ќе го гради „Гранит“, а активностите околу изградбата на новиот клинички центар одат според планираната динамика, соопшти денеска од собраниска говорница премиерот Зоран Заев.
Исто така Заев информира дека одлуката за објавување тендер за „Чебрен“ е донесена во вторникот и утре треба да биде потврдена, а в сабота на седница на Владате ќе бидат заокружени административните процедури.
До крајот на годината ќе биде објавен тендерот. Ја користам оваа прилика, одовде да ги повикам сите меѓународни компании да се јават на повикот со новопроменетите, исклучително поволни услови и конечно, по 28 години зборување, да почне реализацијата на овој проект, нагласи Заев.
Во врска со патот Скопје – Блаце, рече дека за жал, првиот тендер не беше успешен.
Вториот беше успешен. Вчера сум информиран дека е избран скопски „Гранит“. Сега се чека да помине периодот за жалба. На тендерот имаше три компании. Ако биде се во ред, почнува рализацијата на првите три километри, по што ќе следува и објавувањето на вториот тендер, за десетте километри, истакна премиерот во заминување.
За клиничкиот центар, тој потсети дека се јавиле две компании – француска и германско-австриска.
Се тера заокружувањето на финансиските аспекти, со цел избор за најповолна понуда. Се разговара со развојните банки, а потоа и со комерцијалните. Се бара најдобриот финансиски аранжман, по што ќе се бира изведувачот. Одиме со динамиката што беше планирана, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.