Пратениците од опозицијата попладнево во рамки на 103. седница на Собранието на која треба да се гласа по предлозите за разрешување членови на Владата и за избор на нови министри, истакнаа дека очекувале од премиерот Зоран Заев да слушнат зошто се сменети министрите.
Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека само во една земја во светот, Белизе, премиерот е и министер за финансии, кој е наспомнуван за криминал и корупција.
Единствено заменик-министерот кој е избран од Собранието е овласен не само да има право, туку има и обврска да го заменува министерот за финансии во овој случај. Секој потпис на премиерот врз документ, одлука или акт од Министерството за финансии ќе биде незаконит потпис, незаконита одлука и ќе биде криминал. Доколку премиерот сака да ја концентрира власта и да биде блиску до парите, тогаш треба да го разреши и заменик-министерот за финансии Ширет Елези. Таа е единствената овластена со сите обврски и права да ги извршува фнцкиите кои претходно ги извршувал министерот за финансии, посочи Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.