Пратеникот од ВМРо-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го коментира скандалот околу обидот на власта преку фантом фирма од Хонг Конг да набави вакцини од Кина со исплаќање аванс од 12,5 милиони долари.
Ако авансот од 12,5 милиони долари е за 200.000 кинески вакцини, како што кажа Филипче дека потпишал договор во февруари, тогаш „Синофарм“ вакцина би чинела 62 долари, а Перу истата ја купил за само 26 долари.
Како е можно во случајот со „Стабри“, фантомската фирма од Хонг Конг со само тројца вработени, да се обезбеди оваа банкарска гаранција од 12,5 милиони долари и преку кој контакт оваа фирма станала партнер од доверба на министерот за здравство?
Дали во соработката со оваа фантом фирма Заев и Филипче виделе шанса за голем профит преку вакцините, прилика за провизија или повторно се работи само за перцепција на граѓаните – прашува Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.