Антонио Милошоски на својот фејсбук профил напиша:

Денес на седницата на Комисијата за “Европски знаменца”, по барање на еколошките организации и групата О2, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП и Алијанса гласаа (со 8 гласа ЗА : 7 гласа СДСМ и ДУИ беа против) да се симнат од дневен ред контраверзните предлог-закони

– Закон за управување со отпад и

– Закон за управување со пакување и отпад

со образложение дека прво е потребна широка јавна дискусија на овие теми, а потоа изјаснување во Собранието.

Пратениците од ДУИ и СДСМ нервозни дека беа надгласани, а се декларираат демек се “Зелени”, ја напуштија седницата на Комисијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.