Катица Јанева oд истражниот затвор во Шутка испратила писмо – Наредба до Специјалното обвинителство во рок од три дена сите случаи да му ги предаде на Јавното обвинителство. За сите неправилности во оваа постапка бурно реагира и пратеникот Антонио Милошоски, кој побара оставка од директорот на затворот Есад Рахиќ.

Во моментот кога лице/функционер (СЈО Катица Јанева) е во притвор, тоа лице не смее директно да комуницира со други лица и институции, освен со својот бранител или преку него. Затоа е мерката притвор. Особено не смее да комуницира со институцијата или вработените на кои може да влијае, кои може да бидат сведоци, а таа институција е токму онаа која притворената ја злоупотребила и таму се наоѓаат материјали или докази кои можат да бидат битни во истрагата за осомничената, потсетува Милошоски, додавајќи дека притворениот градоначалник, директор, државен секретар, пратеник, министер, судија, обвинител, по сила на закон ги губи ингеренциите во својата институција и капацитетот да наредува на вработените, да одлучува, санкционира или решава, особено не за прашања поврзани со злоупотребата заради која е во притвор!

Според Милошоски, Рахиќ треба да поднесе оставка од директор на истражниот затвор, доколку спротивно за правилата ја овозможил оваа комуникација спротивна на законот и притворот.

Замислете некој притворен градоначалник да даде наредба до општината за купување на ново службено возило или за отварање на тендер за набавка на нови автобуси!?!, вели Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.