Пратеникот Антонио Милошоски за в четврток повторно ја закажа Комисијата за надворешна политика. На неа треба да се разговара за односите со Бугарија и за нивниот Меморондум против Македонија.
На комисијата минатата недела не се појавија вицепремиерот Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Сметам дека пратениците во Собранието, заедно со владата, мора да утврдат заеднички став и национални црвени линии наспроти меморандумот на Бугарија, кој претставува историски анахронизам, спротивен на европските повелби за човекови права-вели Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.