Одговорноста за нефункциониот противпожарен систем во “ГЛОБАЛ”-Струмица води до општината и сопствениците, смета пратеникот Антонио Милошоски.
Тој наведе неколку причини зошто одговорорност мора да има.
Законот за градење чл.58 и чл.87, како и Законот за заштита и спасување чл.68 и чл.70 упатуваат на одговорност на градоначалникот на општината, но и на инвеститорот, и при издавање на дозвола за градба и при издавање на одобрение за употреба на објектот, кој мора да е изграден и според нормите за заштита од пожари.Доколку трговскиот центар ГЛОБАЛ немал функционални хидранти и друга задолжителна противпожарна заштита, тогаш не смеел да добие одобрение за употреба, бидејќи тоа е незаконски и претставува ризик за дуќанџиите, ризик за муштериите, за нивните животи и за материјалните добра во објектот.Инвеститори, а потоа и сопственици на Глобал во 2014 година станаа фирмите Сим инженеринг и Де Лукс инженеринг, од кои едната е во сопственост на Горан Крстев, кој заедно со Зоран Заев беше аболициран за “ГЛОБАЛ”. Медиумите известија дека во дел фирмите на Горан Крстев свој удел има и братот на Зоран Заев.Затоа би било солидарно доколку Заеви продадат еден Мајбах (380.000€) и едно Бентли (180.000€), и со парите од овие нивни скапи возила ги покријат загубите на дуќанџиите и пазарџиите чиј имот настрада во незаштитениот од пожари ТЦ ГЛОБАЛ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.