Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ е спремен и со квалитетен предлог закон и со време за дијалог, да даде придонес во носењето на Законот за обвинителство, согласно стандардите на Советот на Европа, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој е дел од преговарачкиот тим на опозициската партија во преговорите за законот на денешната изјава на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Но, новото обвинителство не би смеело да стане засолниште за обвинители рекетари, ниту за нивните соработници. А по однос на госпоѓата Рускоска, самиот мега скандал „Рекет“ покажува дека наместо како обвинител, таа засега повеќе постапува како адвокат на главните рекетари од СЈО и Владата, на кои им овозможува екстра време за форматирање на телефони, прикривање на докази и влијание врз сведоци, изјави Милошоски за МКД.мк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.