Од една страна новиот ултиматум од ЕУ дека треба да се реши проблемот со Бугарија за почеток на преговорите, а од друга страна тврдењата на премиерот Зоран Заев дека само што не почнале преговорите за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски не се изненадување, но изнанаден е како може истиот човек кои 2018 година кој тврдеше дека Македонија ги почнала преговорите за членство денес да бара изговори зошто Македонија не ги почнува преговорите за членство.

Македонија заслужи почеток на преговорите уште 2009 година кога ја доби препораката од Европската комисија дека е спремна да ги почне преговорите за членство. по однос на тврдењата на Зоран Заев и барањето изговори, ние сме зачудени како може истиот човек кои 2018 година кој тврдеше дека Македонија ги почнала преговорите за членство денес да бара изговори зошто Македонија не ги почнува преговорите за членство. Во 2018 година немаше вето од Бугарија, но преговорите не беа отпочнати. Денес имаме дополнителни проблеми, а еден од проблемите за неотпочнување на преговорите е големата корупција на чие што чело е Зоран Заев, а како држава сме на 111 место хибриден режим по перцепција на корупција, смета Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.