Се почна со политичкиот конвертит Никола Димитров. Тој рече дека добил вербална нота од Грција, рече пратеникот Антонијо Милошоски на седницата за разрешување на министерката Рашела Мизрахи.

 Министерството за надворешни работи крие четри дипломатски ноти од Грција. Димитров, проверив вечерва во Централен регистар, самиот не го сменил името на Министерството за надворешни и сега тој ќе кажува дека треба да биде сменета Мизрахи. На жена од метар и 65 сантиметри и покажувате мускули, а го чувате Димитров оти ги фали сите премиери. Вчера министерката Мизрахи им покажа на многу членови на СДСМ како се сака и брани државата. Вие немате ни мандат ни техничко право да разрешувате министри. Вашиот мандат е да спроведете избори. Таблата ли е пречка за изборите? Не туку тоа што Рашела откри какви малверзации правела Царовска. Димитров е наконтен Коте од Руља, кој неколку пати правеше предавство – рече Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.