Сметам дека на Македонија треба да и се дозволи самостојно да си ја гради својата историографија. Затоа што нашиот однос кон Гоце Делчев е како кон еден темел на македонската државноста. Тој темел на македонската државност не треба да е делив. Значи Гоце Делчев се жртвувал, работел, се борел и загинал за самостојна Македонија, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Милошоски посочи дека системска грешка е што во Договорот е дозволено двајцата министри за надворешни работи, македонскиот и бугарскиот да го имаат завршниот збор за мешовитата комисија.
Според мене доколку се дозволи мешовитата македонско-бугарска комисија да работи без притисоци, да не биде работата на комисијата условена од напредокот на Македонија кон ЕУ, да не биде преокупацијата на Софија – Скопје во нивните односи, тогаш може да се дозволи да си работат, да има повеќе размена на студенти, информации, рече Милошоски
Тој смета оти грешката во договорот и на тоа напоменавме што им е дадена можност на двајцата министри за надворешни работи, македонскиот и бугарскиот на крајот да го имаат финалниот збор дали работата на комисијата била успешна или неуспешна. Тоа е системска грешка во договорот и тоа не треба да е така.
Милошоски, истакна дека никаде во договорот помеѓу Македонија и Бугарија не стои гаранција дека доколку Македонија би прифатила се ќе стане членка во Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.