Антонио Милошоски откако не доби дозвола од спикерот Џафери да пука нова бомба за Заев изнезе нови информации поврзани со 1ТВ, Крсто Мукоски, како и со локалните избори.

Според пратеникот,  Зоран Заев експлицитно кажува дека е свесен за финансирањето на 1ТВ на Бојан Јовановски, кој е без трансакциска сметка што е прење пари.Заев експлицитно кажува дека знае  за префрлените пари од Сиљан Мицевски за т.н старечки домови кои што никој не ги видел што е исто така перење на пари и корупција и непријавува.

Тој знае дека Заев дека бил целосно во тек со аферата Рекет и бил помагател се до кога јавноста известена од еден домашен и од странски новинар не открија дека до таа мера е замешана во Рекет за да мора Заев да се вади дека го пријавил случајот а од пријавата нема ниту еден записник.

Милошоски проговори и за лицето Милевка и за тоа како Вице Заев праќа порака за време на локалните избори во кое вели дека имаме 35 лични карти од лица од ромска националност.

„Работата не е завршена, таа работа треба да ја заврши Милевка од Радовиш“-стои во пораката.

Така постапувале, така и ќе постапуваат. Законот за јавно обвинителство им треба за да не одговараат, додаде Милошоски.

Пратеникот се осврна и на Крсто Муковски, кои од страна на владејачката партија во 2017. година беше обвинет дека е вмешан во криминал со неговата фирма за изградба на стадион во Скопје.

СДСМ веќе не обвинува, СДСМ дава тендери. Денеска фирмата на Крсто Муковски – и на неговата блиска фамилија, неговиот брат – има добиено тендери во износ од 4 милиони евра во последните две години – образложи Милошоски, додавајќи дека тој никогаш не го нарекол Крсто Муковски терорист за разлика од пратениците на СДСМ.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.