Антонио Милошоски, пратено од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на ТВ21 истакна дека тврдењата на Бугарија се неосновани и ирелеватни.
„Мислам дека тврдењата на официјална Софија не се основани и припаѓаат на историското минато и не отвараат перспектива за сегашноста и иднината и во тој контекст сметам дека се ирелевантни и можеби се дел би рекол од нивната предизборна реторика. Но од друга страна, она што ме загрижува, е што после потпишувањето во 2017 година на договорот за добрососедство од страна на Заев и на Борисов, ние во изминативе 3 години помеѓу Македонија и Бугарија имаме полошо ниво на односи, поголема тензија и поголема нетрпеливост, отколку состојбата која што беше помеѓу Македонија и Бугарија пред 5, 7 или 10 години, рече Милошоски.
Тој додаде дека овој договор е потпишан брзоплето од страна на Заев и дека опозицијата тогаш ги опомена дека еден ваков договор нема да ги реши проблемите, туку ќе создаде нови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.