Антонијо Милошоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешното свое обраќање на протестот кој се одржа пред МНР под мотото „Оставка за Заев, слобода за народот“ побара оставка од они кои викендот преговараа со нивните колеги од Софија односно од министерот за надворешни Бујар Османи и неговите соработници.

Најпрво да ви се заблагодарам за присуството и да го поздравиме министерот Бујар Османи со едно барање на оставка. Оставка од тие кои овој викенд беа затворени во МНР, министерот и тројца негови соработници и преговараа целодневно со нивните колеги од Софија, во чие име преговараа што преговараа и што договорија, на чија сметка, кој им дал мандат да преговараат она што е традиција, интерес, историја, книжевност и јазик на македонскиот народ. Затоа почитувани да не се чудите зошто Бујар Османи и Никола Димитров и Зоран Заев не доаѓаат во Собрание, затоа што тие се навикнати на тајни преговори. Тајни преговори кои потоа ќе ги плати народот како што и досега и овие неуспешни политики на владата ги плаќа народот. За жал она што го ветуваа живот за сите и европска Македонија гледаме дека денес стана само полошо место за живеење оваа држава предводена од Зоран Заев, од корумпирани политичари кои што националните интереси го гледаат само како предмет, а преговораат за да може да останат во фотелјите во кои што се наоѓаат, рече Милошоски.

Тој во своето обраќање потсети и на онаа легендарна фотографија од 2018 дека Македонија добила датум за преговори.

Заев и Бујар Османи и Никола Димитров се сеќавате на онаа легендарната фотографија во 2018 година дека сме добиле датум, каде е датумот, дали некој од нив го украде датумот, ние знаеме од овие тројца кој го украде датумот, но еве нека се произнесат тие.

Заев ветуваше дека ќе ја однесе Македонија во Европа, дека Македонија ќе биде дел од европскиот Париз за да заглави во бугарскиот пазарџик место во Париз. Таму да се ценка и да распродава она што никој до сега ни Киро Глигоров, ни Кљусев ни било кој претседател, ни премиер на државата не помислил да го распродава, а тоа е националното достоинство, историја, народните херои, АСНОМ, Илинден и се она што му припаѓа на овој народ затоа што на таков начин создал држава. Да си ги брани своите народни херои, да го заштитуваш АСНОМ, да бидеш дел од антифашистичката коалиција, да го почитуваш Илинден, да си го сакаш својот народ и да го промовираш како таков низ цела Европа, тоа е европска вредност и затоа ние денеска протестираме и порачуваме дека Заев од Македонија не успеа да направи европска држава, но успеа да ги обедини граѓаните на Македонија против предавникот Заев и затоа нашата порака е оставка за Заев, слобода за народот, истакна Милошоски.
Милошоски во своето обраќање потсети и на тоа дека Бујар Османи и Никола Димитров ветуваа дека ќе си поднесат оставки и доколку Македонија не добие датум за преговори но очигледно им е удобно во фотелјите и заборавија на ова ветување.
-Се сеќавате дека и Бујар Османи и Никола Димитров тврдеа дека ќе си поднесат оставка и доколку не добиеме датум за преговори, ние гледаме дека денес од удобните фотелји заборавиле на своите ветувања и затоа ќе ги потсетиме, џабе се криете за викенди во овие згради кој што народот со свои средства за вие да бидете функционери. Ќе дојде за брзо денот кога и да сакате и да не сакате во Собранието ќе бидете разрешени од вашите функции. Вашето време поминува, уште малку време остана за оваа влада која краде дури дел од историјата, идентитетот за да го продолжи своето владеење, додаде Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.