Лекарското за боледувањето на обвинителката Катица Јанева е неверодостојно!- напиша на Фејсбук, Антонио Милошоски.

СЈО го крие боледувањето! Но, јавноста има право да знае од каде е земено боледувањето, кој лекар го има дадено и за која болест? Специјалната обвинителка е државен функционер скапо платен со даночни пари од граѓаните и јавноста има право да знае за нејзината здравствена состојба (не мора ситници и дискретни прегледи, туку податоци за општата здравствена состојба). Исто би било, јавноста има право да знае, и во случај на ненадејно боледување на претседател, премиер, министер, градоначалник и слично – пишува Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.