Пратеникот Антонио Милошоски, кој е дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈО, во интервју за Фактор вели дека власта инсистира да не се почитува постоечкиот закон за СЈО и помошниците на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да се префрлат во новото обвинителство за борба со организираниот криминал и висока корупција. Иако една од главните цели е да се сочува целината на СЈО кое треба да се вклопи во новото обвинителство за борба со организиран криминал и висока корупција со целосниот капацитет и кадар во кој беа вложени огромни средства, но неговата партија смета дека тоа е недопустливо поради сенката врз целиот тим која ја фрлаат некои сознанија на ВМРО-ДПМНЕ дека Катица Јанева не можела сама да го рекетира бизнисменот Орце Камчев без поддршка и знаење на некој однатре.
Втората тема за која имаме големи разлики (со СДСМ, н.з.) е што ќе биде со помошниците обвинители на Катица Јанева. Тоа прашање не треба да го дискутираме дополнително бидејќи веќе е регулирано со постоечкиот Закон за СЈО. Власта инстира тој закон да не се почитува и помошниците на Јанева, и сака автоматски да ги префрли во новото обвинителство за борба со организиран криминал и висока корупција. Тоа не е уставно начело, затоа што секој има право да биде дел од тоа ново обвинителство. Исто така според законот на помошниците на Јанева им претстанува мандатот кога ќе престане мандатот и на специјалниот јавен обвинител, по што тие се враќаат во матичните обвинителства каде сега им мирува работниот однос. Потоа секој ќе може да аплицира за работа во новото обвинителство и откако ќе се направат проверки и ќе се види дали се исполнуваат стандардите ќе се врши пополнување на местата. Со оглед на тоа колку бил широк обемот на злоупотреба на материјалите за „Рекет“ ние имаме основани информации дека Катица Јанева не можела сама тоа да го направи, па дури ни за еден бизнисмен како Орце Камчев. Има основано сомневање дека имала помагатели, па постои можност тие да биле внатре од СЈО, таа сенка стои врз целиот тим додека не се утврди одговорноста на поединците кое биле вклучени.
За критиките на власта упатени кон ВМРО-ДПМНЕ дека го опструира договорот за новиот закон за ЈО бидејќи дел од осомничените и обвинетите функционери на ВМРО-ДПМНЕ имаат предмети кои ги водат обвинители од СЈО, Милошоски вели дека тоа е класнично извртување на фактите што го пласира министерката за правда Рената Дескоска.
Дескоска спинува дека нашите барања се за да се закочат судските процеси, што не е точно. Судскиот процес не е врзан со обвинителот како личност бидејќи секогаш личноста може да се промени, од губење деловна способност, не дај боже смртен случај или оставка. Секој предмет ќе продолжи да биде застапуван пред судот без оглед која личност е обвинител и нема да има никаков застој. Нема никаква закана за застарување на предметите бидејќи тие веќе се поднесени како обвинителни акти пред судот и се водат рочишта. Тие 18 обвинителни акти не може да престанат бидејќи се влезени во процес, освен ако се случи некоја виша сила. Ние и кажавме на Рената Дескоска Треневска дека сите случаи кои имаат судски тек да си имаат и судски исход.
Целото интервју на Фактор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.