Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната прес конференција зборуваше за тоа кој треба да има предност за добивање на вакцина против КОВИД-19 и истакна дека според него секој граѓанин има право на имунизација. Според Милошоски тоа што Заев го изјави дека ќе им даде предност на попишувачите покажува дека за Заев поважен е пописот од целокупното здравје на населението.

Според мене ако ме прашате секој граѓанин во државата има право на имунизација. Изјавата на премиерот дека ќе им даде предност на попишувачите покажува колку за него пописот е поважен политички од целокупното здравје на населението. Според мене медицинските лица, полицајците, постарите лица и хронично болни би требало да бидат приоритет и секој друг граѓанин. И она што сакам да го напоменам е дека имунизацијата со Астра Зенека, вакцината произведена во Велика Британија според Британија и Србија каде што се вакцинираа новинари треба да се земе првата вакцина еднаш и втората вакцина после 12 недели за човек да биде сигурен дека има имунитет. Секој друг обид, постапка за скратување на било кои рокови ќе биде само политизирање и недоволно посветување на внимание на овој процес на имунизација, со тоа што би било повеќе импровизација отколку имунизација, кажа тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.