Договорот со Бугарија носеше повеќе проблеми отколку решенија, рече во вечерашното гостување на „Сител“ пратеникот Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека во договорот што Заев го потпиша се бараше премногу од Македонија, а од Бугарија само се бараше поддршка да ја даде за преговори со ЕУ, која што за жал денес ја нема.
За мене блокадата не е изненадување, затоа што во јули 2017-тата година еден месец пред да се потпише овој договор со Бугарија побаравме и тогаш за чудо добивме средба со премиерот Заев на затворена комисија за надворешно политика во Собранието. Каде што јас како пратеник заедно со тогашните колеги Трајко Вељаноски, Илија Димовски, Никола Попоски, Емил Димитриев и многу други кажавме дека договорот таков каков што е, како нацрт договор тогаш може да создаде повеќе проблеми отколку решенија доколку се потпише. Предложивме пет точки како да се подобри тој договор. Но видовме дека господинот Заев е во ентузијазам на првите месеци како премиер, направи некои како да кажам можеби ПР стратегија за да се појави во Собранието без да земе предвид било кој од нашите забелешки и совети. Го потпиша договорот таков како што беше и денес сме сведоци дека таквиот договор создава навистина повеќе отворени прашања отколку решенија, истакна Милошоски.
Милошоски додаде дека првата забелешка беше во договорот да се вметне еден цивилизиран пристоен начин, формулацијата македонскиот народ и бугарскиот народ. Да се има една динстинкција и да се вметнат овие два термина во смисол на соработка и взаемно почитување.
Да се вметне терминот македонски јазик кој што би бил спомнат надвор од контекстот на Усатвот, бидејќи македонскиот јазик не мора да значи дека е ограничен само со Уставот. Има Македонци што не живеат во Македонија, а сепак го говорат јазикот, нагласи Милошоски.
Милошоски посочи дека треба да се размисли дали во договорот ќе остане Уставната клаузула за грижата на Македонците, надвор од границите на Република Македонија. Требаше во договорот да е изрично направена поделба помеѓу заедничката историја и посебниот дел на историја на двата народи. А исто така нашата пратеничка група имаше забелешка дека договорот е премногу асиметричен. Премногу обврски има за Македонија, премногу компромиси од Македонија се бара. А, од друга страна премалку се бара од Бугарија.
Од Бугарија во договорот само се бараше да даде поддршка за ЕУ која што гледаме дека сега нема, рече Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.