Антонио Милошоски е единствениот политичар од опозицијата кој на Твитер е следен од Зоран Заев. Според главниот уредник на Инфомакс, Александар Митовски, причината за тоа е што Заев на тој начин сака прв да ги слушне бомбите.

Логиката е дека ако Антонио Милошоски објавува бомби, Заев го следи Милошоски како би ги слушал веднаш штом истите бидат објавени – истакна Митовски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Според Митовски, кој вели дека ги слушал бомбите, тоа се аудио снимки од стари разговори.

Во бомбите Милошоски зборува со Јово Вангеловски укажувајќи му дека неговиот татко слушнал од некаде дека одлуката на Врховниот суд ќе биде неповолна за автомотосојузот во Кичево и прашува дали ќе може поточно да го информира што е одлуката. Никаде нема притисок за ургенција. Очигледно смислена е хајката. Бомбите беа објавени на А1 он, без притоа да бидат видени на Јутјуб. Значи од каде знаат новинарите на А1 он дека таму и таму има бобми, од каде го знаеле разговорот за да направат транскрипит, ако воопшто не ги виделе. Објавени се, нема прегледи, а има транспкрипти – вели Митовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.