Антонио Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ на митингот во Зрновци рече дека сплотеноста во општината е многу важна и од оваа општина можат и другите да учат.
„Победата во прв круг ќе биде голем елан и за останатите општини. Нашиот иден градоначалник Борчо Коцев има одлична стартна основа за работата понатаму, а во многу скоро време премиер ќе биде Христијан Мицкоски“, кажа Милошоски.
Според него овие избори имаат локално, но и политичко значење за цела Македонија.
„Дојде време оваа ненародна власт која покажа само неработење, потценување на граѓаните, време е да си оди. Човек може секогаш да згреши, и во овие изминати години видовме кој е способен и знае да работи, а пример за тоа беше општина Зрновци. Видовме и кој е неспособен и кој не работи, а тоа е Зоран Заев. Затоа овде ќе победи Коцев“, рече Милошоски.
Тој повика на 17 октомври да се излезе и да се гласа масовно.
„Тие ќе се обидуваат да прават и притисоци и закани, ќе прават поткуп, ама тоа е со пари од граѓаните, инвеститорите. Затоа време е Заев да го испратиме во историјата“, рече Милошоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.