Преку Фејсбук до ново амбулантно возило, пишува во својот статус на Фејсбук, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Понатаму тој пишува:
👉Вчера, срамежливо, но искрено, директорот на струмичката болница Наќе Гогов, напиша еден статус на Фејсбук кој предизвика бура на социјалните мрежи.
Заради малиот број амбуланти и застарени возила, а притиснат од зголемените потреби со пандемијата, директорот Гогов јавно побара донации за купување на ново амбуланто 🚑 возило кое ќе биде од корист за пациентите на струмичката болница.
Овој Фејсбук повик откри две работи:
1️⃣. дека многу болници кои имаат суштинска потреба од нови амбуланти возила 🚑 се оставени сами на себе и
2️⃣. дека начинот за добивање на амбуланто возило не е преку амандмани на буџетот кои министерот веќе ги одби, туку преку индиректна Фејсбук прозивка на власта за хаосот во болниците, по што под притисок на јавноста и социјалните мрежи Заев му наредил на министерот Филипче веднаш да се набави ново амбуланто возило за болницата во Струмица.
Веројатно на истиот начин, за да добијат ново амбуланто возило, треба да постапат директорите на следниве болници:
– Снежана Захариева, директорка на болницата во Куманово
– Билјана Гагачовска, Клиничка болница Битола
– Александар Серафимов, болница Кочани
– Мухамед Асани, болница Струга
– Драган Богојески Турчето, дир.болница Прилеп
– Божидар Бојаџиев, дир.болница Велес
✅Веројатно и овие директори треба да објават отворен Фејсбук повик за донации за купување на нови амбуланти возила. Таквите објави сигурно брзо ќе се прошират и ќе добијат голема поддршка во јавноста бидејќи секој е заинтересиран болниците и пациентите да имаат подобри услови.
⛔Власта под притисок на јавноста, како вчера за болницата во Струмица, ќе биде принудена дел буџетски средства за непродуктивни трошоци итно да пренамени за купување на нови амбуланти возила и за болниците во Куманово, Битола, Струга, Прилеп, Кочани и Велес.
Бидејќи една Фејсбук објава за потребите на некоја болница очигледно е поефективна од административните лавиринти во здравството‼️, пишува на Фејсбук, Антонио Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.