Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски му постави пратеничко прашање на премиерот Зоран Заев во врска со средбата со турскиот мафијаш Седат Пекер, по кого Турција и Интерпол трагаат со меѓународна потерница.
„Поради тоа што во јавноста има голем интерес за сигурноста на системот за издавање на биометриски патни исправи и кој од повисоките владини структури можел да биде во тек со издавањето на 214 пасоши на нарко-босови со украден идентитет во случајот „Мафија“, јас до премиерот Заев поставив едноставно пратеничко прашање: ‘Дали вие лично се имате сретнато со турскиот државјанин Седат Пекер, по кого Турција и Интерпол трагаат со меѓународна потерница?‘ И да појаснам, не е од примарен интерес дали евентуалната средба Заев-Пекер била службена, неформална, во приватен дом, во работен ден или за викенд“, напиша Милошоски на Фејсбук.
⚠️Бидејќи во јавноста има голем интерес околу сигурноста на системот за издавање на биометриски патни исправи и кој од…
Posted by Antonio Miloshoski on Tuesday, 11 May 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.