Партијата на Заев со фабрикувањето на лажни вести за наводно мое поседување на бугарски пасоши, авиони, покренување на монтирани случаи против мене се обидува да ме замолчи како опозиционен пратеник, вели пратеникот Антонио Милошоски по последните обвинувања од страна на СДСМ.
Пред 5 години ми фалсификуваа поседување на бугарски пасош преку неговиот другар Чауш, а потоа измисли и дека сум сопственик на авион кој го немам. Истата партија која нечовечки се обиде да ја фалсификува вистината за убиството кај Смилковско Езеро, за смртта на Никола Младенов и малата Тамара, денес со слични дезинформации се обидува да измисли фалсификување на исправа во Германија, каде што сум стекнал две исправи, и тоа една факултетска диплома и еден сертификат за странски јазик, вели Милошоски.
Според него, нервозата и потребата за дефокус расте токму кај власта која во Собранието е поддржана и од силувач на жени, од кого очекува да си побараат оставка.
Наместо лажни вести и обид да ја замолчат критиката од опозицијата, време е владата да си понесе одговорност за лажните ветувања кон граѓаните и за економијата која е жртва на хибридниот режим кој функционира во историски највисока корупција, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.