Една информација која ја добивме е дека пред година и пол отприлика, блиски луѓе до Филипче и до Заев во една европска престолнина на една земја членка разговарале со претставник на една од фирмите кои биле заинтересирани за изградба на Клиничкиот центар и на тој разговор меѓу другото е разговарано и за можна провизија, затоа приказните на власта повелете ние договоривме вие правете надзор е како јас да подготвам проект за крива кула, а вие да го надгледувате и да сносите одговорност, вели Милошоски вечерва во „Само интервју“ во Канал 5 телевизија.
Милошоски вели дека втора причина зошто ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со овој Клинички центар е законот којшто стигна во Собрание, кон не е закон за Клинички центар, туку закон за менување на законот за јавни набавки за надавање за тендери и урбанистички планови.
СДСМ да не се откажеше и не го блокираше од веќе предвидениот проект за Клинички кој чинеше 90 милиони евра проект кој веќе беше подготвен, власта до сега ќе го имаше обновено Клиничкиот центар во Скопје, истакна Милошоски.
Милошоски вели дека власта да беше поработлива и да не се занимаваше со рекет можеше Клиничкиот центар во Штип да го направи, а ВМРО-ДПМНЕ смета дека овој Клинички центар кој власта го форсира е прескап и чини 400 милиони евра повеќе од оној кој се гради во Србија, или како оној Клинички центар кој е веќе изграден во Хјустон, а чини помалку.
Нека има Клинички нов до болницата Жан Митрев, нека се обнови постојниот и нека им и нов во Штип, нека има во Битола и нека има и во Тетово и сите тие ќе чинат поефтино од она што Филипче го претставува, а нема никаква посериозна студија и документација, овој проект мириса на корупција и ние нема да им дозволиме легализација на истиот, ако тие се спремни да направат нов Клинички центар не им треба Собранието има доволно закони за тендери за јавни набавки и да беа успешни ќе го затвореа тендерот во 2019 година, но бидејќи не им се погоди математиката со тие коишто разговарале во еден главен град на земја членка на ЕУ затоа прават вакви егзибиции, критикуваше Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.