Во јуни 2018та се појави легендарната фотографија со која квартетот Заев-Бујар-Димитров-Анѓушев ги излажаа македонските граѓани дека е добиен датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, потсети Антонио Милошоски, додавајќи дека денес, три години подоцна, разликата е што го нема Анѓушев, го нема датумот за ЕУ, но сè уште е тука легендарната фотографија како епска лажна вест, заедно со триото Заев, Бујар и Димитров промоторите на оваа сериозна манипулација.
Денес во Софија триото Заев-Бујар и Димитров ќе се обидат да ја релативизираат сопствената манипулација од 2018-та. И нема да е изненадување ако нивната неспособност се обидат да ја компензираат со пазарење на историското наследство на Македонија, бидејќи вчера пратениците на СДСМ избегаа од комисијата за надворешна политика и не сакаа да се изјаснат за предложените заклучоци за ЕУ и Бугарија, вели Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.