Во 2015 година, ТВ Канал 5 слабо известуваше за убиството на Мартин Нешковски, а после објавата на “бомбата” од Зоран Заев, во траење од 3 минути. Една угледна новинарка, тогаш вработена во Канал 5, а сега во друга телевизија, кажа дека тогаш од МВР имале забрани за истражување и известување. Денес, за среќа, се гледа дека Канал 5 има многу добри релации со МВР и Владата.

Овие денови сведоци сме дека таа “бомба” за Мартин Нешковски во целост траела 12 минути, а скратените 9 минути можат да значат и кратење од вистината или манипулација на мотивите.

Затоа прашање е дали денес уредниците на ТВ Канал 5 ќе ги искористат добрите релации со владата и ќе истражуваат во име на јавниот интерес, во име на вистината, што се случило со убиството на Мартин Нешковски, што се случило со целосната прислушкувана “бомба” и дали некој од политиката или МВР го има злоупотребено овој трагичен настан?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.