Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски бара од Владата утрешниот ден за Ден на жалост.
Македонија досега изгуби вкупно 1.345 луѓе 🕯🕯🕯
Денес е трагичен датум, во еден ден згаснаа 4️⃣0️⃣ животи на наши сограѓани, соседи, нечии родители, браќа, сестри, сопружници, баби и дедовци‼️
⚠️По тој повод Владата (согласно чл.8 од Законот за Влада) треба утрешниот ден,
17-ти ноември, кога дел од роднините ќе се простат од нивните најблиски, да го прогласи за ДЕН НА ЖАЛОСТ а утре точно напладне државното знаме на Македонија да се спушти на половина копје, пред Владата, пред министерствата, пред општините и сите други државни и јавни институции.Истовремено, да се даде обврска на телевизиите со национална фрекфенција да истакнат црна лента ◾ на екраните како знак на соодветно одбележување на Денот на жалост и оддавање почит кон загубените животи на нашите сограѓани и тагата на нивните семејства!, напиша Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.