Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој е и претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието испрати Барање до Министерството за надворешни работи за доставување Информација во врска со антимакедонскиот Меморандум испратен од Бугарија до земјите членки на Европската унија.
Милошоски побара шефот на дипломатијата Бујар Османи да достави Информација за, како што пишува во барањето, Меморандумот испратен од страна на Бугарија до членките на ЕУ, кој го засега јазичниот, националниот и културниот идентитет на македонскиот народ, а истовремено може да има и негативни импликации кон долгоочекуваниот почеток на преговорите со Европската унија.
Додава дека за ова потребна е и посебна седница на Комисијата за надворешна политика, со учество на ресорниот министер.
„Барање до МНР за достава на Информација во врска со антимакедонскиот Меморандум испратен од Бугарија до членките на ЕУ!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Барање до МНР за достава на Информација во врска со антимакедонскиот Меморандум испратен од Бугарија до членките на ЕУ!
Posted by Antonio Miloshoski on Friday, 18 September 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.