Кандидатот градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски вели оти неговиот тим има предвидено три врвни стратегии за младите луѓе да се задржат дома. Првата, вели тој е најважна, за да се знае кон каде оди локалниот развој на Охрид.

Мора да знаеме како ќе се развива и во кој правец ќе се движи градот. Втората е локален и снажен туристички развој. Сезонски, хотелиерите тријат раце, но што правиме од септември до јули? Ќе направиме 12 –месечна туристичка сезона во Охрид, со развивање на археолошки туризам, планински туризам, културолошки…општината мора да им помогне на хотелиерите. Третата стратегија е да се даде приоритет во кој младите, на пример, електроинженери нема да бегаат во странство – рече Милошевски, кој беше гостин во Отворено на Алфа.

На нападите од противкандидатот, кој го обвинува дека не ја задржал политичката култура, и го напаѓал со црни и лажни вести, Милошевски одговара оти никогаш директно не атакувал врз него.

Јас си зацртав пред да влезам во трката, оти ова ќе заврши еден ден, потоа остануваме заедно да живееме во Охрид. Си ветив и исполнив. Јас никогаш во кампањата лично него го немам нападнато – нагласува Милошевски.

Според него слабата излезност во Охрид во првиот круг се должи на недовербата на Охриѓани и верува дека сега луѓето стануваат посвесни.

Сега го имаме допрено дното, но ако останеме тука ништо нема да направиме, мора да ги промениме нештата – вели кандидатот на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.