Пред вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, каде започнува предизборната кампања за претседателските избори, лидерот на партијата Христијан Мицкоски беше во посета на манастирот „Света Петка“ во Велгошти.

Бев традиционално во преубавото oхридско Велгошти, во манастирот „Света Петка“. Имаше голем број на граѓани кои беа таму за да се видиме, да разговараме, да им ја објсниме визијата за убав Охрид и нашата борба за правда за Македонија. И нашиот кандидат за градоначалник Митре Милошевски и кандидатката за претседателка Гордана Сиљановска Давкова се честити и стаменити луѓе, со план, знаење и искуство. Застануваме еден до друг, а поддршката за нас во оваа наша мисија е поддршка за Македонија. И не се плашиме, влеговме во овој предизвик одлучни како никогаш порано. Сплотеноста и обединетоста ќе ни донесе победа, а победата значи триумф на народот. Убеден сум дека и Милошевски за Охрид и Гордана за Македонија ќе ги вложат цело знаење, ќе работат вложувајќи го последниот атом од силата за да изградат и донесат правда, просперитет и создадат вредности. Стануваме заедно, силно и одлучно за иднината на секој еден човек и за иднината на Македонија, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






















Comments are closed for this post.