Претседателот на ЛДП, Горан Милески нагласи дека кон нивната иницијатива се придружиле голем број граѓански активисти, независни луѓе, кои ја сакаат својата општина и државата, со што Движењето добило поширок граѓански карактер. Со тоа на гласачите им се нуди избор, наместо да гласаат црно-бело.
Одлучивме да им дадеме можност на сите кои не сакаат партиска книшка, а имаат иницијатива, желба и способност кон подобро да ги променат работите во општеството. Токму за Советот на Општина Кочани нудиме чесни и кандидати со авторитет, кои ја имаат довербата и ќе го чуваат интересот на граѓаните, наместо да влегуваат само за да го земат паушалот. Двете големи партии, со својата реторика настапуваат како ова да се парламентарни избори и се одлучува кој ќе дојде на власт, а ние зборуваме за реалните проблеми на локално ниво, кој и како ќе ги решава. Сакаме да водиме здрава политика на инфраструктура, каде што граѓанинот ќе биде на прво место, да ги дигитализираме општините и луѓето од дома да можат да ги добиваат потребните услуги., наместо да чекаат во редици пред шалтерите, истакна Милески.
На трибината во Кочани беше претставена и кандидатската листа за советници, при што се направи и промоција на приоритетните определби со кои се бара довербата од граѓаните. Тие се насочени кон здравата животна средина и детектирање на сите загадувачи, ревегетација на опожарените површини, затворање на дивите депонии, и засилена контрола на испуштањето отпадни води, како и навремено третирање против комарците, развој на образовен и еко туризам и поширока соработка со граѓанскиот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.