Миленичката на шарената револуција, екс специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, со црната маска преку својата уста скроз ја симна маската на актуелниот премиер Зоран Заев. Ја сруши лагата и разголи вистината, рече синоќа Коле Чашуле во неговата емисија „Седница“ зборувајќи за случајот „Монструм“.

После целата голгота од речиси 4 години јавно и тоа не било каде туку во судница се потврди дека тоа што го зборуваше опозиционерот Зоран Заев не беше вистината. Осудените убијци на доживотен затвор, кои беа водени како резултат на таа лага и процесот се врати од почеток, на крајот пак испадна како што беше и првично кажано односно се докажа дека не станува збор за политички монтиран процес, рече Чашуле.

Тој во емисијата укажа и на една од изјавите која ја даде Заев за овој случај.

Не ја знаат вистина, ни оние којшто се наводно виновни за овој процес, за убиството, велам наводно, затоа што јас не верувам дека е така и тие не веруваат, ја бараат вистината, трагaат по неа и оние кои што ги изгубија животите односно сега нивните семејства не веруваат дека тоа е така како што е претставено во јавноста и тиe трагaат по вистината. Тоа што ќе го обелоденам е вистината поврзана со податоците кои ги имам. Што има Заев? Tелефонски разговори, смс-пораки, сè што е поврзано околу тоа на повидок на јавноста, нема да го толкувам јас што е како е, јавноста ќе ги истолкува како што и самата го толкува овој процес на обелоденување што до сега се случува. Таа вистина ќе даде одговори на многу прашања – една од изјавите на монструм, коментира Чашуле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.