Откако во медиумите беше објавен текст и фотографии со кои се тврдеше дека припадник на полициските служби од ОВР Прилеп, јавно, во сред кафеана, шмрка кокаин и тоа за време на работа, на социјалните мрежи јавно се огласи Миле Андоноски кој беше посочен дека тој е полицаецот што шмркал кокаин. Андоновски ги демантира објавените информации и најавува отказ.

Почитувани

По повод неодамнешните објави на социјалните мрежи каде се споменува моето име и мои фотографии,чувствувам морална обврска јавно да Ви се обратам.

1.На фотографијата која прво ја објави порталот А1.он.мк. се гледаат две личности од кои едната е наведната. Порталот тврди дека тоа сум јас како наводно “шмркам кокаин”.
Е па ќе ве разочарам.ЈАС НЕ СУМ ТОЈ, иако тоа толку бомбастично го објавивте. Јас сум тој другиот на фотографијата што воопшто не гледа на таа страна и пуши цигара во моментот.
За да станат работите појасни ЈАВНО ВЕ ПОВИКУВАМ ДА ГО ОТКРИЕТЕ МОЕТО ЛИЦЕ на фотографијата со моја дозвола, во спротивно ќе се соочите со кривична пријава. Од каде потекнува фотографијата не знам, не е сликана со моја дозвола. Ама затоа ЗНАМ и ТВРДАМ дека не е направена во кафиќ, кафеана или било каков јавен објект бидејќи таков не постои. Исто така ТВРДАМ дека не е фотографирана во работно време бидејќи јас работните задачи ги извршувам во униформа. Фотографијата ќе ја објавам под текстов.

2.Уште следното утро по објавувањето бев во Секторот за Внатрешна Контрола во МВР на РМ каде што дадов изјава, а потоа и крв и урина за анализа која во најмала рака ќе биде дискутабилна бидејќи крв дадов два пати во две епрувети од за мене непознати причини, ама јас за разлика од вас нема да ширам инсинуации(можеби така треба). И оваа фотографија ќе ја објавам под текстов.

3.Никогаш не сум бил член, а уште помалку активист на некоја политичка партија. Имам добри пријатели од сите партии. Штета што за дневно политички интереси ги ставивте на тапет Petar Risteski, Марјан Ристески,Трајче Георгиески и уште неколку други мои блиски кои немаат допирна точка со политика како и јас. Ама вие си знаете.

4.Без разлика на епилогот од настаните кои ќе следуваат ЈАВНО ИЗЈАВУВАМ дека деновиве ќе поднесам барање за ЕДНОСТРАНО РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МВР на РМ,односно ПРЕКИНУВАМ да работам во МВР на РМ пред се затоа што чувствувам дека тоа е правилно.

За штетата која ми ја нанесовте мене, на моето семејство, роднини и пријатели излишно е и да зборувам!

И за крај…сакам да им се извинам на сите засегнати од ЛАЖНИТЕ ОБЈАВИ И ОБВИНУВАЊА кон мене. Нека им служи на чест на одговорните за овие настани.

Им се заблагодарувам на сите мои колеги за досегашната 26 годишна соработка.

Сите Вас добронамерници ве оставам во добро здравје,а со сите се надевам ќе се гледаме ЈАВНО,СРЕДЕ БЕЛ ДЕН во кафичите во Прилеп ( како што некои милуваат да кажат )

Секое добро!

Миле Андоноски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.