Поранешниот директор на фондацијата „Отворено општество“ во Македонија, режисерот Владимир Милчин во вчерашното гостување во „Само вистина“ на „Канал 5“, рече дека Македонија можеше да стане членка на НАТО и без промена на уставното име, укажувајќи дека тој не гледа никаква промена во Македонија откако влезе во НАТО, освен што некој функционер од власта ќе оди на некоја си координативна средба.

Мислам дека членка на НАТО ќе станевме и без промена на името. Но, и да станевме членка на НАТО после три години што ќе се променеше? Што е де факто во Македонија променето откако сме членка на НАТО? Јас немам одговор на тоа, освен тоа дека некој наш функционер сега ќе оди на некоја координативна средба, вели Милчин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.