Владимир Милчин, режисер и поранешен претседател на Отворено општество Македонија, вечерва во гостување во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“, смета дека поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се јавуваат со барања за оставка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски немаат право на тоа, бидејќи тие се директно виновни и немаат кредибилитет, односно како што рече тој тие се потрошен кадар.

Не сум сигурен навистина дека некој од денешното ВМРО-ДПМНЕ, од овие кои што се јавуваат сега што се гласни, има право на тоа, со оглед на тоа што сите практично што ги слушаме и се гласни, се виновни. Мислам дека немаат кредибилитет и дека таму исто така имаат една ситуација на потрошен кадар, особено оние кои што беа во врвовите додека беше Груевски, вели Милчин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.