Капитуланство. Вака Владимир Милчин го коментира последното интервју на македонскиот премиер Зоран Заев за БГНЕС.
Заев ги навреди и мртвите и живите. Југославија не можеме да ја кудиме за Кузман Јосифовски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Стив Наумов, Орце Николов… редица жртви на „администраторите”, кои не се воздржувале да убиваат и малолетноци! Југославија има други гревови, други жртви, ама сега не се преговара со неа. Ја нема. Таа историја не ни се заканува денес и не е пречка на патот за ЕУ. Нејзиното преиспитување не е табу во независна Македонија. Но тоа не е зелено светло за, најблаго речено, шминкање на историјата во годините на бугарската окупација. Ова што го прави Заев е капитуланство. Неговите недоквакани изјави се навреда за умот и паметењето на Македонците каде и да се. Ужаснува леснотијата со која го прави тоа. Го продава она што не е негово!, вели Милчин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.