Невладиниот сектор беше искористен. Невладиниот сектор не се сведува на шарената револуција, значи шарената револуција е еден облик таму имаше многу, низ многу форми тоа се случуваше, со разни цели, со разни пароли не беа секаде истите луѓе итн. Меѓутоа во секој случај она што денеска се случува и со деталниот урбанистички план Мал ринг и со Универзална сала всушност градоначалниците покажуваат дека целите за кои тие луѓе на улиците се бореле дека тие не вредат пет пари, изјави режисерот и екс директор на Отворено општество Македонија Владимир Милчин во денешното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.
Тој посочи дека образложенијата кои што ги даваат градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ се неуверливи, укажувајќи дека позади тие зборови се кријат други интереси.
Нивните образложенија се различни, според него прилично се неуверливи.
Милчин смета дека интересите се други и дека зад овие зборови се кријат други интереси.
И да злоупотребен беше невладиниот сектор а за жал ние го слушнавме и Заев на една снимка како тој сите ги има во рацеНе беше вистина, да еден дел од луѓето тој ги собра со себе, ги смести итн. Ама тоа не му дава за право да каже дека сите ги држи во раце, дека сите биле негови. Тоа е страшна работа и таа негова изјава има катастрофални последици. Во Европа одење без независен невладин сектор тешко, многу тешко, истакна Милчин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.