Ако не сме ги признаеле слабостите на историјата… не ќе сме можеле да градиме заедничка!

Тоа ни го порача Заев вчера, а требаше да му го каже на новинарот. Македонија не ја окупирала Бугарија, туку обратно, без оглед на обидот тоа да се прикаже како „администрирање“.

Што е слабост на историјата според Заев, тоа што Бугарија окупирала или тоа што окупираните не ја прифаќале окупацијата како администрација па ги зеле пушките?

Да, фашизмот/нацизмот не е бугарски изум, но улогата на квислинг бугарската власт ја презела со многу посветеност и без ракавици. Да, во Бугарија и не само во Бугарија имало отпор против режимот и овој одговорил со терор. И дома и на окупираните територии. Вапцаров, Коле Неделковски, Никола Парапунов, Иван Козаре…

А да не мисли Заев на слабости во нашата историографија? Да не треба да се премолчи нешто? За да се поткрепи амнезијата и игноранството?

По 1948 година имало „Железна завеса“ меѓу Југославија и Бугарија? А поради што? И поради кого? Сталин наредил, Бугарија спровела, заедно со дргите членки на Информбирото. Тоа е крајот на културната автономија во Пиринска Македонија.

Историјата е учителка на животот, Заев! И затоа не смее да се третира кака потрошен партал.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.