Не сум дел од власта и мислам дека имам апсолутно право да не го употребувам тоа ново име на државата, истакна режисерот Владимир Милчин во денешното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
– И во Југославија кога живеев не викав Социјалистичка Федеративна Република Југославија, туку викав Југославија. Ниту пак сум викал Социјалистичка Република Македонија, туку само Македонија. Американците кога говорат не викаат Соединети Американски Држави, викаат Америка или САД. Кај нас тоа РСМ е многу гротесно, бидејќи може да значи Социјалистичка Република Македонија – рече Милчин.
Милчин додаде дека граѓаните немаат никаква обврска при говорење да го изговараат новото име на државата.
– Новото име е вештачко и тешко фаќа корени – нагласи Милчин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.