По отворањето на пицеријата кај Чинарот во Охрид не остана рамнодушен ни професорот Владимир Милчин, па напиша жесток коментар на својот Фејсбук профил. Тој се огласи на социјалните мрежи и ја искоментира изјавата на министерот без ресор Едмонд Адеми дадена за Радио Слободна Европа.

Ние сме хистеризирале? Не, министерот ги извртува фактите! Се обидува да го одбрани неодбранливото. Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?, напиша Милчин на својот Фејсбук профил.

Милчин исто така го искоментира отворањето на пицеријата кај Чинарот во Охрид. Сопственик на локалот „Луна“ е Нефи Усеини, советник од ДУИ, а објектот е изграден на државно земјиште и во заштитен појас на УНЕСКО.

Оваа фотографија е прст во окото на сите кои се бореа и се борат за право и правда. Наакана и дрска порака: МИ СЕ МОЖЕ, БРЕ! Носете се вие заедно со УНЕСКО! Партискиот пазар гази без оглед на здравиот разум и триумфира во срцето на Охрид, карши Чинарот. Ако може да се лаже УНЕСКО, може и да се газат критичките гласови и здравиот разум, коментира Владимир Милчин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.