Новата власт ги промени приоритетите, додека протестираше против власта на Груевски приоритети беа правната држава, слободата, солидарноста кои се заменети, огромен број луѓе кои протестираа на улиците сега се разочарани, вели професорот Владимир Милчин кој како гостин во дебатна емисија на Ал Џезира го анализираше дејствувањето на македонската опозиција.
Според него, наместо новата власт да ги исполни ветувањата од времето кога била опозиција се соочуваме со корупцијата, клиентелизам и непотизам.
Тој истакна дека има некои специфики кога станува збор за Македонија, со оглед на тоа што пред многу кратко време државата го промени името во Република Македонија, што предизвика жестоки реакции, иако постои консензус во земјава околу македонската перспектива во НАТО и ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.