Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, изјави дека Македонија ги исполни сите демократски услови за почеток на преговори за влез во ЕУ, но дека има земји кои продолжуваат „да ја шутираат“ кога и да е тоа потребно.

Во Бугарија се навикнати да ја третираат Македонија како некој што го шутирате од страна, кога имате некој внатрешен политички проблем кој не можеш да го решиш и тогаш кој е на пик? Македонија. Тоа не е во ред, таа држава и тој народ до сега платија многу висока цена. Тие играат примерно и според правилата ги исполнија сите демократски правила што можете да ги замислите. Тоа е повеќе национална заедница во која има и многу Албанци и таа соработка е примерна. Тие се покорија на грчките барања пред Македонија да стават Северна, конечно ги примија во друштво на мртви поети, и сега овој услов кој навистина навлегува во интимниот простор – изјави Милановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.