Адвокатот на Миле Јанакиески, Еленко Миланов во изјава за „Република“ ја објаснува денешната хаотична состојба која се случува во судот. Тој објаснува дека се одржа рочиште за случајот  „Траекторија“ и покрај тоа што Јанакески има решение за изолација и мора да седи дома до први декември поради тоа што бил во контакт со заразен од корона.

Но, пред денешното рочиште на Јанакиески му бил направен брз тест и тој покажал дека дека е негативен.

Но, тоа не мора ништо да значи со брзиот тест.Сите што се  во судницата се изложени на ризик.Не се почитуваат протоколите а внатре има 50 луѓе. Сите се под ризик. Дополнително, се чека да заврши „Траекторија“ за веднаш потоа да почне ново рочиште за „Титаник“ каде што исто така обвинет е Јанакиески-објаснува Миланов  за „Република“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.